- Компанијата која прави најголем приход, односно кај која најмногу пазарат граѓаните, а тоа е „Кам“, најмногу ги плаќа своите вработени.
- Компанијата која прави најголема добивка, а тоа е „Верополус“ – дава најмали плати, судејќи според просекот исплатен во 2021 година.
- „Кам“ деновиве се пофали и дека веќе почнува исплата на регрес за вработени од 33.000 денари, како и дека во април реализирал зголемување на платите на вработените во маркетите за 15%, а во логистиката и транспортот за 13%.
- „Верополус“ е шампион по ланската добивка меѓу трговските фирми. Лани, со вкупен приход од 86,7 милиони евра, „Верополус“ направил добивка од 10,3 милиони евра. Но, токму во оваа компанија е и најниската просечна плата од 19.978 денари.
- Швајцарците со убедливо мнозинство од 70% гласаа на референдум против построго толкување на политичката неутралност на нивната земја. Ова ѝ овозможува на владата да ги следи одлуките на ЕУ за санкции, како на пример против Русија.
- Швајцарија е неутрална од 1516 година и тоа го вгради во Уставот во 1848 година.
- Иницијативата „Зачувување на неутралноста“ бараше владата да не може да воведува економски санкции, освен оние одобрени од Советот за безбедност на ОН, ниту да соработува со НАТО или кој било воен сојуз, освен во случај на напад.
- Министерот за надворешни работи Ињацио Касис изјави дека неутралноста на Швајцарија отсекогаш била „флексибилна“ до одреден степен. „Неутралноста не треба да се поистоветува со рамнодушност. Швајцарија не смее да врти глава на страна кога се крши меѓународното право, дури и заради заштита на сопствените интереси или мирот“, изјави министерот.