Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Борут Пахор: Ни ЕУ ни регионот нема да бидат подготвени до 2030 година

21 април 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Немаше аплауз после говорот на поранешниот словенечки претседател на конференцијата во Љубљана „Пријатели на Западен Балкан“ откако тој присутните ги олади со оценката дека ниту Европската унија ниту регионот ќе бидат подготвени за влегување и проширување до 2030 година.
  • Државите од регионот нема да биде подготвени ни до 2050 година, ако вака продолжи, порача Борут Пахор.
  • Говорејќи за застојот во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Пахор се понуди како замена за Мирослав Лајчак како специјален пратеник на ЕУ и наведе дека дијалогот е закочен заради недостаток на доверба.
извор

Половина скопски објекти не се оданочени

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Двојно помалку објекти во Скопје се оданочени од она што е запишано во Катастарот на недвижности, покажа репроценката на недвижности што ја прави Град Скопје во соработка со Програмата за развој на Обединетите нации.
  • Според податоците во даночната евиденција, на подрачјето на Град Скопје се опфатени околу 17 милиони квадратни метри на недвижности (објекти), додека во евиденцијата на Катастарот се запишани околу 39 милиони квадратни метри објекти.
  • Приходите се делат 50% за Град Скопје и 50% за општината во градот Скопје каде што се наоѓа имотот.
  • Стапката на данок на имот во Градот Скопје изнесува 0.10 % од вредноста на имотот, со дополнително намалување од 50% за објект во кој даночниот обврзник живее, што ја прави најниска во Европа.
извор

Европска бирократија од 47.600 страници

24 ноември 2026
  • Share
  • Post
  • Иако вети дека ќе ги олесни бирократските пречки, законодавството на Европската Унија на крајот од минатата година достигнало нов рекорд од 47.600 страници со регулативи и директиви.
  • Тоа е зголемување од 118% во споредба со 2010 година, според „индексот на бирократија“, изработен од професорот Штефан Вагнер од Универзитетот на Виена.
  • Индексот ги опфаќа сите уредби и директиви што се во сила на 31 декември од дадена година, а кои се донесени самостојно од Европскиот совет или заеднички со Европскиот парламент. Правните акти на Европската комисија не се вклучени. Обемот се мери во стандардни страници од по 1.500 карактери.
  • Ако на основните членови се додадат прилозите со списоци, гранични вредности и технички спецификации, регулативите на ЕУ опфаќаат околу 90.800 стандардни страници.
  • По 2010 година има уште 12.900 страници со нови регулативи за надворешна политика и безбедност – главно списоци со санкции и имиња на лица, компании и стоки. Обемот на регулативи за заштита на природата, на потрошувачите и на здравјето се дуплирал од 4.300 на 9.800 страници.
  • Само Директивата за бучава во животната средина се зголемила за околу 700 страници.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина
2

Правда за Ружа!

Балканштина
3

Патријархатот прво ги осакатува машките

Разно
4

Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Свет
5

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

6

Nvidia го врати Хуанг за директор

7

Има нешто данско во државата Данска

Разно
8

Е не, ко оние здрвените во Париз и Милано

Видео
1

Европа чека на инцидент што би оправдал војна против Русија

Свет
2

Во 76,7% од домовите низ Европа нема деца

3

Nvidia го врати Хуанг за директор

4

Клековски да не се секира до толку што правиме со наши пари

5

Ирска станува глобална пералница на пари

Свет
6

Зашто Трамп го врати Хуанг во Nvidia

Свет
7

Германски железари гасат печки поради скапата струја

Свет
8

(Само) Дино Мерлин би рекол: Шилегов, врати се!

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Македонштина

Во знак на лајк, дигаме прс

Балканштина

Распеани коментари за сармата

Балканштина

Спремајте се, доаѓа време на слави

Балканштина

Правда за Ружа!

Балканштина

Напредни проблеми во бугарскиот јазик

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Го знаете ли „правилото на мал пенис“?

Луи одговара Прустов прашалник

Ацо Поповски сака да биде запишано

Како се прочистува јетра?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy