- Победата на локалните избори требаше да му даде на Заев амбиент за влез во ново предавство, овој пат со Бугарија.
- Во митологијата на СДСМ на датумот за преговори со ЕУ му се дадени легендарни својства, исто како што претходно се случуваше со влезот во НАТО. Па, така, датумот треба да направи гладните да се заситат, слепите да прогледаат, хендикепираните да проодат, а СДСМ и Заев да си ја обноват политичката невиност, да се исчистат од гревовите и повторно да зачекорат кон блескавата иднина.
- Тој нема легитимитет ни за дневно владеење, а не пак за влез во авантури со какво било договарање со Бугарија на сметка на македонскиот народ. Затоа Зоран Заев е опасен во моментов. Тој е подготвен на уште поголеми отстапки само да си ја зачува кожата уште еден ден.
- Холандија побарала пауза на процесите за интеграција на Црна Гора во Европската Унија укажувајќи на потребата од „дополнителна анализа и поконзистентна примена на сите утврдени стандарди“.
- На ова барање се придружиле и Хрватска, Естонија, Литванија и Летонија. Инсистираат на темелна проверка на исполнетоста на клучните критериуми пред да се донесат какви било нови одлуки на европско ниво.
- „Она што сега изгледа сигурно е дека нема да се затворат поглавја на маргините на состанокот на Советот на ЕУ овој месец, спротивно на претходните очекувања и најави“, заклучува подгоричкиот весник „Дан“.
- Црна Гора досега има затворено 18 од 33-те преговарачки поглавја. Хрватска го блокираше Поглавјето 14, кое се однесува на транспортната политика. Веќе две години е блокирано Поглавјето 31 – кое ја опфаќа надворешната, безбедносната и одбранбената политика.
- Поради преполнетост на затворските капацитети, Финска бара правна рамка за да префрла осудени криминалци да ја отслужуваат казната во странство. Тоа подразбира и странските затвореници да бидат префрлени во ќелии во нивните матични земји.
- Хелсинки ги разгледува опциите на Шведска - која од август почна да префрла свои осуденици во затвор во естонскиот град Тарту, или на Данска - која во десетогишен договор од 210 милиони со Косово изнајми 300 ќелии во затворот во Гњилане.
- Според податоци на Службата за затвори и условна слобода, во Финска има околу 3.900 затвореници, од кои 950 се странски државјани.
- Бројот на странски затвореници е зголемен за 76% изминатата деценија, а бројот на фински затвореници во истиот период е намален.
- Најголем дел од странските затвореници отслужуваат казни за кривични дела поврзани со дрога (49%), за сексуални престапи (21%) и за убиства (10%).