Блиските на осудените за 27-ми април: Не бараме милост, само шанса за фер судење
27 април 2023
- Поминаа седум години, народот вели дека времето ги лечи раните, но, за нас, времето не само што не ги лечи раните, туку болките стануваат сè понеиздржливи. Неиздржлива е помислата дека тие се постари за седум години, нивните мали дечиња за седум години пораснаа и веќе се момчиња и девојки, им се родија внуци и пораснаа“.
- Неподносливо е по седум години да слушаме како се манипулира со јавноста дека нашите најмили извршиле тероризам, ама не кажуваат дека сториле тероризам без оружје.
-
Не бараме амнестија, не бараме помилување, бараме шанса за да ја докажат својата невиност.