- Државата веќе зема 800 милиони евра од даноци на нуклеарна енергија но планира тоа да го прошири и на другите компании од енергетскиот сектор.
- Како мерка за преживување на зимата Белгија го намалува данокот на струја и плин и воведува посебна енергњетска стапка за сиромашни.
- Греењето во јавните објекти е максимизирано до 19 степени а светлата во уредите и околу спомениците се гасат во 19 часот.
- Германската полиција трага по исламистичкиот екстремист Абдул Б., кој синоќа со комбе влета во толпа на Парада на гордоста во парк во центарот на Берлин. Едно лице загинало, а 16 се повредени, вклучувајќи тројца во критична состојба.
- Осомничениот имал полициско досие поради поврзаност со исламистички кругови. Во мај бил пуштен од поправен дом за малолетници.
- Се истражува и дали во нападот учествувале и други лица, кои биле заедно со Абдул во комбито. Неколкумина од повредените имале рани од убоди со нож, а сведоци пријавиле дека виделе маж кој носел мачета.
- Во потрагата се вклучени службите за безбедност во Холандија, Белгија, Луксембург, Франција, Австрија, Швајцарија, Чешка, Полска и Данска.
- Украински воени дронови погодиле ирански трговски брод во Касписко Море. При експлозијата загинал еден морнар.
- Техеран го опиша нападот како чин на агресија и објави дека ќе ги брани своите национални интереси и безбедност. Го обвини Киев дека се обидува да ја прошири својата војна со Русија.
- Шефот на дипломатијата Абас Арагчи протестирал до Обединетите нации и ЕУ и ја повика меѓународната заедница да го осуди украинскиот напад. Тој истакна дека Иран никогаш досега не интервенирал во војната помеѓу Русија и Украина.
- Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно соопшти дека Киев постигнал „многу добри резултати“ со напади со голем дострел во Касписко Море, при што биле погодени бродови за транспорт на воен товар во кој е вклучен Иран, како и еден воен брод. Меѓу целите не го спомна иранскиот трговски брод.
- Зеленски додаде дека Русија му пренесува на Иран извидувачки сателитски снимки од Блискиот Исток за да му помогне во војната против САД.