Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Артан Груби ставен на американската црна листа

9 декември 2024
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Американскиот Стејт департмент денеска ги стави на црната листа поранешниот вицепремиер Артан Груби и судијата на Апелационен суд, Енвер Беџети.
  • Груби и Беџети јавно се означуваат заради нивна вклученост во значителна корупција со прифаќање мито за нарушување на судските процеси поврзани со кривичното осудување на Сашо Мијалков, поранешниот директор на УБК, соопшти Стејт Департментот.
  • Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не може – и нема – да се толерира. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се вклучуваат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции. Никој не е над законот, а одговорноста е суштинска за напредок, истакна амбасадорката Агелер.
  • Судијата Беџети, за кого Судскиот совет утврди дека 9 месеци го чувал предметот на Мијалков „Тврдина-Таргет” за да застари, своевремено помина со парична казна. Судскиот совет го казни со 20 отсто од платата во наредните 6 месеци.
  • Груби и натаму тврди дека сиот свој јавен живот го посветил на одбраната на западните демократски вредности.
  • СДСМ ја поздрави одлуката на Стејт департментот за ставање на црна листа на вицепремиерот на нивната влада.
  • Моментот кога Бујар Османи и Арбр Адеми сфаќаат дека Груби е ставен на американската црна листа:

извор

После речиси месец дена, Гостивар доби вода за пиење

14 август 2026
  • Share
  • Post
  • Од денеска водата во Гостивар е безбедна за пиење.
  • „Последните добиени резултати покажуваат дека водата е микrобилошки и бактериолошки исправна. Со тоа се исполнети условите водата повторно да се користи за пиење“, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство.
  • На граѓаните им се препорачува пред да ја користат за пиење, водата од чешмите добро да ја истечат.
извор

Од топлото, компирите се варат во земја

14 август 2026
  • Share
  • Post
  • „Изгледаат како варени. А не се работи за само една или две ниви,“ вели земјоделец од јужнокорејскиот округ Јанг за своите насади со компири кои за само неколку дена екстремни температури станале меки и почнале да се распаѓаат.
  • Во градот Јангсан, на втори август била измерена највисока температура во земјата откако започнале современите мерења. Топлотниот бран е поврзан со најмалку 31 смртен случај, угинале над 900.000 грла добиток и 1,4 милиони одгледувани риби.
  • Во Јапонија за првпат бил прогласен „брутално топол ден“ а топлотниот удар бил смртоносен за три лава во Зоолошката во Токио.
  • Хонг Конг летово измерил највисоки температури од кога тие почнале да се мерат во 1884. година.  
  • Екстремните топлини ги погодија и Кина каде во градот Ксинјанг се измерени 50 степени и Северна Кореја која има ноќи во кои температурата не паѓа под 25 степени.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина
2

Кафаните се откажаа од млади и си се вратија на Генерација Икс

3

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Свет
4

Крстозбор: Вид овца со шест букви?

Балканштина
5

Пазете ја седмицата

Балканштина
6

Ве молиме послушајте ја

Македонштина
7

Ма-ке-до-нец!

Македонски рулет
8

Трактористот кој го победи пожарот

1

Кина го отвора Ледениот пат на свилата

Свет
2

Трактористот кој го победи пожарот

3

Пронајден мртов директорот на Алсат

4

САД испраќаат нов носач на авиони кон Блискиот Исток

5

Од топлото, компирите се варат во земја

6

Трезори за супербогати сто метри под Алпите

Занимливости
7

Големите американски градови забрзано губат деца

Разно
8

Украински дронови растуриле американска оклопна бригада на воени вежби

Свет
* за последни 24 часа

Локалности

Македонштина

Ве молиме послушајте ја

Балканштина

Крстозбор: Вид овца со шест букви?

Балканштина

Пазете ја седмицата

Македонштина

Кога песна ќе погоди словенска душа

Македонштина

Брегалница бара хакер

Балканштина

Администраторски поздрав

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Што ќе ти е мозок ако имаш кауза

Ви лае ли мачето?

Дајте да ги стреламе

Вакцинацијата на децата како нивна „крштевка“

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy