- Елитната 101-ва воздушна дивизизија на американската армија е распоредена во Европа за првпат во речиси 80 години.
- Ги викаат „Screaming Eagles“ и увежбуваат воени маневри во Романија, на само 5 километри од границата со Украина.
- Дивизијата е дојдена со полна воена опрема а вежбите се одвиваат со боева тенковска и артилериска муниција.
- САД концентрираат на Блискиот Исток најголеми поморски и воздушни сили по инвазијата врз Ирак во 2003 година, предупредува Волстрит журнал.
- Во водите близу Иран се носачот на авиони „Абрахам Линколн“ , девет разурнувачи и три борбени бродови, со нивните придружби. На пат е и носачот „Џералд Форд“ - најголем во светот, придружуван од три разурнувачи. Сега се кај Гибралтар. Кога ќе пристигнат, спроти Иран ќе бидат поставени речиси една третина од вкупните поморски сили на САД.
- Во воздухопловните бази во регионот пристигнале или се на пат напредни авиони ф-35, ф-22, ф-15 и ф-16, како и воздушни танкери КЦ-135. Во регионот се доставени оружје и муниција доволно за војување со недели, не само за единечен удар.
- Полскиот премиер Доналд Туск ги повика полските државјани итно да го напуштат Иран. Ги предупреди дека поради ризикот од воен конфликт им преостануваат само часови пред да се затвори временскиот прозорец за евакуација. „Ве молам заминете веднаш... и не одите во оваа земја под кои било услови“.
- Цената на нафтата вчера скокна за 4% на над 71 долар за барелот „брент“ и продолжи да расте поради стравувањата на инвеститорите дека ќе биде загрозен извозот од Персискиот залив преку Ормускиот теснец, низ кој поминува една четвртина од глобалната трговија со нафта со танкери. Иран извезува 1,5 милион барели нафта на ден, главно за Кина.