- Американската агенција за заштита на околината мазно ја одби петицијата со која се бараше забрана за група хемикалии кои се поврзуваат со помор на пчели, птици и други опрашувачи на растенија.
- Се работи за хемикалии кои се користат во производство на семе обложено со пестициди и се сметаат за исклучително штетни по околината и опрашувањето.
- Овие хемикалии, познати како неоникотиноиди, се забранети во ЕУ.
- Градоначалникот на Чикаго, Брендон Џонсон (треба ли да се каже: од редовите на демократите), избувна на новинар кој го употреби терминот „нелегални странци“.
- Џонсон ја критикуваше фразата како „расистичка“ и „гадна“.
- Тоа не биле „илегални странци“ туку „индивидуалци без документи“ кои се човечки суштества.
- Суд во Киргистан ги забрани трите главни независни медиуми - порталот Клооп и видео-каналите Темиров и Ајт Ајт Десе - прогласувајќи ги за „екстремистички организации“. На новинарите Болот Темиров и Ринат Тухватшин им забранува какви било активности во медиумите.
- Ова е прва строга забрана за медиуми во Киргистан, кој важеше за една од најдемократските земји во Централна Азија и „оаза на независното новинарство“ во регионот. Притисокот го засили претседателот Садир Жапаров, кој дојде на власт по масовни демонстрации во 2020 година. Жапаров во август потпиша нов закон за медиуми, кој ги обврза сите новинарски куќи да се регистрираат кај властите.
- Забраната е објавена точно еден месец пред парламентарните избори, на кои партиите што го поддржуваат претседателот настојуваат да го зголемат своето мнозинство. Самиот Жапаров изјави дека на претседателските избори во 2027 година очекува да биде реизбран на функцијата со 90% од гласовите.