- Албанскиот парламент усвои резолуција со која Иран се прогласува за „спонзор на тероризмот“, а Револуционерната гарда и милицијата Хезболах за „терористички организации“.
- За резолуцијата гласаа сите пратеници од владејачката Социјалистичка партија, а опозициските ја оценија како „лична агенда“ на премиерот Еди Рама и ја напуштија салата пред гласањето.
- Односите помеѓу Техеран и Тирана со години беа нарушени поради тоа што Албанија, со поддршка од САД, од 2013 година им укажува гостопримство на околу 3.000 припадници на забранетата група Муџахедин Халк (МЕК) – исламска политичка организација наклонета кон социјализмот.
- МЕК крена оружен бунт против династијата на Реза Пахлави, во 1970-те спроведуваше бомбашки напади против американски и владини цели и ја поддржа Исламската револуција на ајатолахот Хомеини. Но, откако исламските власти ја забранија, групата се префрли во Ирак, учествуваше во војната против Иран и имаше поддршка од Садам Хусеин. По соборувањето на неговиот режим се префрли во Албанија и агитираше за соборување на исламскиот режим во Техеран.
- Илјадници демонстранти кои бараат оставка од премиерот Еди Рама се судрија со специјалната полиција на централниот плоштад „Скендербег“ во Тирана, токму на Денот на независноста на Албанија.
- Демонстранти, кои пристигнале од целата земја, фрлаа камења, сигнални ракети и димни бомби кон кордоните и владините згради, а полицијата возврати со солзавец и водени топови.
- Според Министерството за здравство, повредени се најмалку осум луѓе, вклучувајќи полицаец и двајца новинари.
- Бранот незадоволство во Албанија почна крајот на мај, поттикнат од плановите за изградба на луксузен туристички комплекс во јужниот дел на земјата – проект поврзан со фирма основана од Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател Трамп.
- Низ месеците протестите се проширија во бунт против корупцијата во владата, растот на трошоците за живот и ограничените можности. Во изминатите неколку недели беа запалени банки, судови и владини згради.
- Студентите сега повикуваат на уште помасовни демонстрации се до оставка на премиерот Рама, кој е на власт од 2013 година. Група студенти, професори и претставници на дијаспората најавија основање на нова политичка партија „Обединети за Албанија“, со цел да постигнат промени преку институционални средства.
- Парламентот на Аргентина изгласа закон со кој ѝ се забранува на Централната банка да печати пари за да ги покрие владините трошоци. Банката е ограничена на својата основна мисија да ја одржува вредноста на националната валута.
- Ова е еден од клучните чекори во стратегијата на претседателот Хавиер Милеи да ја запре инфлацијата, која во времето на претходната администрација во 2023 година надмина 200%.
- Под водство на Милеи, Аргентина ги намали владините расходи и инфлацијата, но се зголеми сиромаштијата.
- „Заврши времето на Централната банка која финансираше политичка кражба преку печатење пари. Заврши монетарната катастрофа во Аргентина. Завршија 91 година измами“, соопшти претседателот.