Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Вести › Набрзинка

Активисти за заштита на животните гонеле луѓе околу суд

26 февруари 2025
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Започна и се одложи судењето на Љубе Крстевски и Бранко Билбиловски, обвинети за бруталното претепување на кучето Феликс во ноември лани. Еден од обвинетите и неговата одбрана го немале примено обвинителниот предлог, ниту пак решението за одлука за предложената мерка за обезбедување присуство.

  • Пред и додека траеше судењето, активисти за заштита на животните протестираа пред Кривичниот суд. Со транспаренти во рацете побараа правда за кучето Феликс кое угина после двомесечно лекување од тешките повреди.

  • Гневот кон обвинетите ескалираше по завршувањето на рочиштето, кога двајцата обвинети излегоа од судот од споредниот влез, а активистите кои протестираа почнаа да ги бркаат, навредувајќи ги со погрдни зборови.

извор

НАСА брза да изгради реактор на Месечината

5 август 2025
  • Share
  • Post
  • НАСА сака да ги претрка Русија и Кина и да изгради нуклеарен реактор на Месечината до крајот на оваа деценија.
  • „Мораме да дејствуваме брзо за да ја развиеме оваа критична технологија за поддршка на идната лунарна економија, за обезбедување извор на енергија на Марс и да ја засилиме нашата национална безбедност во вселената“, напишал во директивата шефот на НАСА, Шон Дафи.
  • За 30 дена ќе биде објавен лидер на мисијата, а за 60 дена ќе биде испратен повик до компании да конкурираат за проектот за изградба на генератор што би генерирал најмалку 100 киловати струја. Лансирање е планирано до крајот на 2029 година.
  • Процесот ќе биде забрзан со цел САД да ја завршат мисијата први. Кина и Русија во мај објавија партнерски проект за изградба на нуклеарен реактор на Месечината до средината на идната деценија.
  • „Ако тие го сторат тоа пред нас, може да прогласат забранета зона и да ограничат што ние можеме да направиме таму“, додава Дафи.
извор

Обама под истрага за местењето руски врски на Трамп

5 август 2025
  • Share
  • Post
  • Главната обвинителка Пам Бонди побара од федералните обвинители да почнат истрага за сомневањата дека поранешниот претседател Барак Обама фабрикувал разузнавачки докази за руско мешање во предизборната кампања на Доналд Трамп во 2016 година.
  • Сè уште не е објавено кога ќе се состане „големата порота“ за да ја спроведе истрагата. Се очекува процесот да почне по неколку месеци. Обама не е директно обвинет.
  • Директорката на националното разузнавање Тулси Габард во јули објави дека Обама и највисоки функционери од неговата администрација спроведувале „предавнички заговор“ против Трамп, кој на изборите во 2016 година ја победи тогашната противкандидатка Хилари Клинтон. Габард тврдеше дека Обама го злоупотребил разузнавачкиот апарат за политички цели.
  • Пред Обама да ја напушти функцијата, разузнавачката заедница на САД во јануари 2018 година објави извештај во кој беше заклучено дека Русија преку ширење лажни вести на социјални медиуми, хакирања и ангажирање ботови настојувала да ја оцрни Хилари Клинтон и да му помогне на Трамп. Ревизијата на извештајот покажа дека тоа не било точно. Не беа пронајдени никакви докази дека Русија се мешала во изборите.

извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Вести
1

„Предавник“ на српски

Балканштина
2

Кога сакаш да ги избегнеш македонските граници

Балканштина
3

Бугарска битка за невестата

Балканштина
4

Георгиевски: Слепа држава

5

Важно за нас визите уште ги држат

Разно
6

Пчелар на денот

Балканштина
7

Вистинската причина зошто Западот поттикнува војна против Кина

Свет
8

Шибај Кина, не нè чекај

Забава
1

Георгиевски: Слепа држава

2

Вистинската причина зошто Западот поттикнува војна против Кина

Свет
3

Нетанјаху оди на „сè или ништо“ во Газа

Свет
4

Русите ќе се вакцинираат против рак

Здравје
5

Москва: Руски специјалци уапсиле НАТО офицери во Украина

6

Создаден вештачки мозок со 2 милијарди неврони

Технологија
7

Панговски: За Македонија има еден едноставен излез

8

До 2030 Полска ќе има повеќе тенкови од Британија, Германија, Франција и Италија - заедно

* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Кога сакаш да ги избегнеш македонските граници

Балканштина

„Предавник“ на српски

Балканштина

Лежерен бизнис модел

Медиуми

Главни вести за втори август

Балканштина

Видео дефиниција за босанска тврдоглавост

Балканштина

Болеше ли?

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Оф мори мајко:Ај срце туку ова што чеша!

Да ја решиме невработеноста

Работава ни е „омнишемблс"

Премногу популарни за да бидат кул

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2025 off.net.mk |  Privacy Policy