- Не беше Босна Југославија во мало, туку Југославија беше Босна во големо.
- Босна е убиена во Дејтон, а ние имаме илузија дека сме живи, слично како што на мртовецот му растат нокти, тоа во случајов е државната администрација. Таа не забележува дека е мртва, кога има многу пари сè им е таман. Функционираат само репресивните државни структури - даночната управа и полицијата, но таа работи за мафијата а не за граѓаните.
- Југославија не пропадна затоа што се осамостоија нејзините републики, туку нејзините републики се осамостоија затоа што Југославија пропадна.
- Во политичка смисла Југославија беше социјална држава, со загарантиран минимум човекови права, образование, здравство... Ова во однос на тоа е фашизам, не е ни неолиберализам ни ништо.
- Два месеци пред да му заврши мандатот, гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом ги преиначи сите 548 смртни казни во сојузната држава во доживотна робија без право на условен отпуст.
- Одлуката е симболична, затоа што Њусом на почетокот на својот мандат во 2019 година воведе мораториум на извршување на смртни казни.
- Калифорнија нема извршено смртна казна веќе 20 години, иако судовите продолжуваат да ја изрекуваат оваа казна за лица осудени за убиство и други тешки кривични дела.
- На два референдуми, во 2012 и во 2016 година, жителите на Калифорнија со тесно мнозинство ги отфрлија предлозите за укинување на смртната казна.
- Околу 2.100 затвореници во САД се соочуваат со погубување. Ако Уставниот суд на Калифорнија ја потврди одлуката на гувернерот, нивниот број ќе биде намален за една четвртина.
- Претседателот на Парагвај, Сантијаго Пења, поднесе оставка поради колапсот на банката Уено во која свои пари чуваа 60% од возрасните луѓе во земјата.
- Пења остана без поддршка од сопствената конзервативна партија и замина од функцијата неколку часа пред да почне процес за негово отповикување во Парламентот.
- Опозициски пратеници го обвинија Пења за судир на интереси, злоупотреба на пензиски фондови и за спречување надзор врз банката. Го поврзуваат со деловната групација Grupo Vazquez, во чија сопственост Уено беше сè до март 2025 година. Пења изјави дека го продал својот удел и дека немал никаква недозволена улога во работењето на банката.
- Приведени се осум директори на Уено, а гувернерот на Централната банка поднесе оставка.