А да ја смениме химната за да ја бендиса Муртезани?
-
Орхан Муртезани од Алтернатива му порача на Пендаровски дека „нема Албанец кој ќе ја пее македонската химна“ и ако некој верува во тоа, тогаш има сериозни проблеми со перцепцијата на реалноста.
-
Муртезани додаде дека Пендаровски е албанофоб затоа што го нападнал косовскиот премиер Аљбин Курти.
- „Пендаровски сака да им покаже на Димитар Апасиев и на албанофобните македонски националисти дека е лојален кон нив и, конечно, но најважно, тој преку оваа реакција како да сакаше да му докаже и на Александар Вучиќ“, рече Муртезани.