Вкупно 80 илјади евра планира да потроши Генералниот секретаријат на Владата за да ги носи своите административци на тридневни тим-билдинзи во Охрид, Берово и Струмица.
Се бараат хотели со минимум четири ѕвездички, два полни пансиона за вработените, високотуристички автобуси за превоз од „Илинденска“ до хотелите а собите да бидат еднокреветни.
За јакнење на тимскиот дух планирани се седум групи административци од владиниот генерален секретаријат (канцелариско работење, односи со јавноста и друго).
Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.