Гарнир од компири

Топчиња од компир

Пржени компири со јајца и пармезан.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
40 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 600 гр. компири
  • 30 гр. пармезан рендан
  • 2 јајца
  • 100 гр. кашкавал
  • брашно
  • лебни трошки
  • масло
  • сол и бибер
  • мајчина душица
  • морско оревче

Подготовка

Измијте ги компирите и сварете ги. Излупете ги, испасирајте ги и додадете сол, бибер, исецкана мајчина душичка, малку изрендано морско оревче и една жолчка. Убаво промешајте да се добие хомогена смеса.

Кашкавалот исечете го на коцки. Од смесата обликувајте топчиња и во секое топче ставете по една коцка од кашкавалот. Изматете ги едното јајце и белката од второто.

Панирајте ги топчињата во брашно, јајце и потоа во лебните трошки. Пржете ги топчињата додека да добијат златно жолта боја. Извадете ги на хартија да се впие вишокот масло. Послужете ги топли.

7 декември 2012 - 07:00