Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
25 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 375гр. макарони
- 2 лажици маслиново масло
- 500g pork sausages
- 2 тиквици пресечени на тенки парчиња по должина
- 250гр. чери домати, пресечени на четвртини
- 125гр. рукола (или друга зелена салата по избор)
- 300гр. сирење, исецкано на парчиња
Прелив
- 50мл. маслиново масло
- 1 лажица вински оцет (црвен)
- 1/2 лажичка морска сол
Подготовка
Згответе ги тестенините во големо тенџере со вода на рингла според упатството на ќесата. Потоа процедете ги од водата.
Загрејте ја скарата на средна јачина. Печете ги колбасите со вртење од сите страни 15 минути. Потоа префрлете ги во чинија. Печете ги тиквиците 6 минути, па тргнете ги на страна.
Загрејте масло во тава на среден оган и пржете ги доматите околу 1 минута. Додадете ги во садот со тиквиците.
Во тегла измешајте маслиново масло со вински оцет и сол. Затворете ја теглата со капак и добро измешајте го преливот.
Во длабок сад за сервирање измешајте ги тестенините со колбасите, тиквици, домати, сирење и рукола.Зачинете со сол и бибер. Додадете го преливот. Добро измешајте ја салатата.
Послужете ја веднаш.