Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
25 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 300гр. прокељ, пресечени на половинки
- 160гр. сланина, исечена на покрупни коцки
- 30гр. путер
- сол и бибер
Подготовка
Ставете на рингла длабоко тенџере со вода на силен оган. Врз тенџерето ставете метална цедалка. Кога водата ќе зоврие во цедалката ставете го прокељот и гответе го на пареа.
Кога ќе омекнат по околу 5 минути префрлете ги во чинија.
Во меѓувреме ставете ја сланината во голема тава и пржете ја на средно-силен оган 4-5 минути.
Потоа додадете го сварениот прокељ и путер и измешајте ги додека да се растопи путерот.Зачинете ги со сол и бибер по вкус и послужете ги веднаш.