Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 3 јајца
- 1/4 л. масло за јадење
- 1/2 л. јогурт
- 250 гр. пченкарно брашно
- 5-6 лажици брашно
- 1 прашок за пециво
- 1 лажичка сол
- сусам
Подготовка
Во длабок сад изматете ги јајцата. Додадете сол и продолжете со матење со миксер. Откако добро ќе се изматат јајцата се додава маслото за јадење и јогуртот. Пченкарното и пченичното брашно се мешаат и во нив се додава прашокот за пециво. Во изматените јајца мешајќи со лажица се додава брашното и се внимава да не се направат грутчиња. Смесата се истура во правоаголни калапчиња обложени со хартија за печење или во калапчиња за мафини. Одозгора се посолува со сусам и се пече околу 40 мин на 180 степени.
Во оваа смеса за проја по желба се додава дробено сирење, сецкан морков, сецкана шунка и магданос.