
Време на подготовка:
5 мин.
Време на готвење:
3 мин.
Вкупно време:
8 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1 лепче чијабата
- 2 лажици путер
- 1 лажица мајонез
- 2 лажици пармезан рендан
- 2 парчиња лук пасирани
- босилек
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 250 степени. Помешајте го путерот, мајонезот и лукот додека не се добие изедначена смеса. Исецкајте го ситно босилекот и додадете го во приготвениот сос. Зачинете со сол и бибер. Исечете го лепчето на половина, и ставете ги двете половини во плех. Премачкајте ги со приготвениот сос и наросете од ренданиот пармезан. Печете 3-4 минути.
Послужете го со макало по вкус.