Пити

Пита со сланина

Вкусна пита со праз, сланина и сирење.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 ч. 30 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 225гр. брашно
  • 150гр. путер
  • 1 1/2 лажица студена вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 главица праз, ситно исецкан
  • 175гр. сланина, ситно сецкана
  • 40гр. рендан кашкавал
  • 4 јајца
  • 125мл. млеко

Подготовка

Изматете ги брашното и путерот со миксер додека да се спојат. Додадете вода и матете додека да добиете изедначено тесто. Покријте го и ставете го во фрижидер 30 мин.

Загрејте ја рерната на 200 степени. Искукајте го тестото и префрлете го во округло тавче 23см. Добро притиснете го во тавчето и ставете го да се пече 20 минути. Потоа кога малку ќе се излади извадете го од тестото од тавчето и префрлете го на плех за печење. 

Намалете ја јачината на рерната на 180 степени. Загрејте масло во тава на среден оган. Пржете го празот 8 минути. Потоа тргнете го од тавата. Во тавата додадете ја сланината и пржете ја 4 минути. Измешајте ја сланината со пржениот праз и рендан кашкавал и со смесата наполнете го потпеченото тесто од питата. Изматете јајца, зачинете го со сол и бибер и истурете ги врз филот во питата.

Вратете ја питата на плехот во рерна и печете ја 25 минути.

На здравје!

11 март 2013 - 07:00