Време на подготовка:
20 мин.
Време на готвење:
10 мин.
Вкупно време:
30 мин.
Порции
2 лица
Состојки
- 4 лажици маслиново масло
- 1 лажица вински оцет
- 1 лажичка лимонов сок
- 1 лажичка сол
- 1/4 лажичка босилек
- 1/4 лажичка мајчина душица
- 1/4 лажичка сушен магдонос
- 1/4 лажичка анасон
- 2 пилешки гради
- 100 гр. мајонез
- 2 чешниња лук
- марула
- 2 чиабата лепчиња
Подготовка
Во еден сад измешајте 2 лажици маслиново масло, оцет, лимонов сок, сол, босилек, мајчина душица, магдонос и анасон. Исечете ги пилешките гради на три дела и добро измешајте ги во маринадата. Потоа покријте ги и оставете ги во фрижидер да одстојат еден час.
Во друг сад измешајте го мајонезот со ситно исецкан лук.
Загрејте 2 лажици маслинов зејтин во тава на среден оган. Пржете го пилешкото месо по 5-6 минути од секоја страна, зависно од дебелината на парчињата, додека да добие кафеава боја. Потоа извадете го во чинија обложена со хартиена салфета.
Пресечете ги чиабата лепчињата на половина. Печете ги лепчињата во истата тава по половина минута од секоја страна.
За да го составите сендвичот, на долната половина од лепчето ставете лист од марула. Врз него наредете три парчиња пилешко. На долната половина намачкајте од преливот со мајонез и лук. Составете го сендвичот и послужете го веднаш.
Пријатен апетит!