Предјадење од компир

Печени полнети компири

Вкусен рецепт за печени компири полнети со кашкавал и сланина.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 ч. 15 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 4 компири
  • 60 гр. рендан кашкавал
  • 5 парчиња сланина
  • 30 гр. путер
  • 50 мл. млеко
  • сол и бибер
  • масло за готвење

Прелив

  • 4 лажици кисела павлака
  • 2 лажици ситно сецкан кромид (по можност млад)

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени.
Измијте ги и исушете ги компирите.Намачкајте ги со малку масло, зачинете ги со сол и печете ги во тавче еден час.
ИСецкајте ја ситно сланината и пропржете ја во тава на среден оган додека да добие светло кафеава боја. Потоа извадете ја на хартиена салфетка.
На печените компири одсечете 1/4 од горната страна. Со лажичка внимателно издлабете дупка во компирот. Одстранетиот компир испасирајте го половина од ренданиот кашкавал, загреано млеко, путер и сланина.
Зачинете ја смесата со сол и бибер. Потоа со лажица вратете ја смесата во издлабените компири. Додадете го одозгора остатокот од ренданиот кашкавал и вратете ги во рерна уште 3 минути за да се растопи.
Декорирајте ги полнетите компири со лажица павлака и ситно сецкан кромид.

19 октомври 2012 - 07:00