Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 1.5кг. компири
- 1 1/2 лажици маслиново масло
- 30гр. путер
- 1 лажица сол
- 2 лажички рендана кора од лимон
- 1 лажичка црвен пипер
Подготовка
Излупете ги компирите и исечете ги на крупни парчиња. Сварете ги компирите во тенџере прелиени со вода на силен оган. Варете ги 15 минути додека да омекнат. Потоа процедете ги.
Загрејте ја рерната на 200 степени. Измешајте ги путерот и маслото во поголема тава. Ставете ја тавата во рерна 2-3 минути за да се растопи путерот. Потоа извадете ја тавата од рерна и додадете ги компирите. Промешајте ги и потоа со вилушка лесно притиснете ги за малку да се искршат. Печете ги во рерната 10 минути додека да добијат светло кафеава боја.
Измешајте сол, рендана кора од лимон и црвен пипер. Со оваа смеса посолете ги компирите. Продолжете со печењето уште 15 минути.
Послужете ги компирите веднаш.
Пријатен апетит!