Од рецептите на Весна

Печен модар патлиџан а ла Ива

Вкусен рецепт за полнети модри патлиџани.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
30 мин.

Вкупно време:
60 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 2 модри патлиџани
  • 3 чешниња лук
  • 1 пиперка лута
  • 4 лажици ореви
  • 2 парчиња сланина пушена
  • магдонос
  • сол и бибер
  • 3-4 лажици масло
  • 1 лажица брашно
  • 1 лажичка буковец
  • мешан зачин
  • домати сушени за декорација
  • кисело млеко

Подготовка

Патлиџаните се сечат на половина по должина,за да се добијат 4 парчиња. Се издлабуваат, посолуваат и се оставаат даодстојат малку за да се исцеди течноста.
Во тава на посилен оган се пржи пушента сланина. Кога ќе добие кафеава боја извадете ја во чинија.
Во тавата се пржи сецкан лук и внатрешниот дел од патлиџаните,исецкан. Се додава исецкана лута црвена пиперка и на крај се додаваат ореви исечени по должина. Смесата измешајте ја со испржената пушена сланина. Зачинете по вкус со сол, бибер, мешан зачин, додадете сецкан магданосот и добро измешајте. Со филот се полнат издлабените модри патлиџани и се печат во тавче со малку вода,брашно, буковец и масло. Печењето е околу половина час. Сервирајте ги модрите патлиџани по желба, декорирани со сецкани ореви и сушен домат. Послужете ги полнетите патлиџани со кисело млеко.
Добар апетит !

Рецепт на г-ѓа Весна Рохр

ФБ: Со љубов, за вас

3 јуни 2013 - 07:00