Крем салата

Салата од компири и сланина

Сакате салати со мајонез? Наш предлог за денес е оваа салата од компири комбинирани со крцкава сланина и јајца.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 800 гр. компири
  • 150 гр. сланина, исецкана
  • 70 гр. кисела павлака
  • 70 гр. мајонез
  • 1 лажица масло
  • 3 тврдо варени јајца, исецкани и излупени
  • 2 стебленца целер, исецкани
  • 100 гр. кромид, исецкан
  • 1 лажичка шеќер
  • сол и црн бибер

Подготовка

Во тенџере со зовриена вода варете ги компирите со малку сол околу 20 минути додека да омекнат.

Додека се варат компирите пропржете ја исецканата сланина во тава со малку масло додека да стане крцкава. Потоа извадете ја на хартиена салфета за да се исцеди вишокот на масло.

Во еден сад искомбинирајте ја павлаката со мајонез, сенф и шеќер. Зачинете со сол и црн бибер.

Во сад измешајте ги варените компири, исецкани на коцки, сланината, исецкан целер и варените јајца. Додадете го преливот со мајонез и добро измешајте ги сите состојки. Оставете ја салатата да отстои малку во фрижидер пред да ја послужите.

1 јуни 2012 - 07:00