Паста

Свежа паста салата

Салата од тестенини со аспарагус.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
30 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 500гр. ситни тестенини по избор (препорака тестенини фарфали - машнички)
  • 2 врзопчиња аспарагус
  • 2 парчиња целер, ситно сецкан
  • 200гр. варено пилешко месо, исецкано
  • 40гр. пармезан исецкан на тенки ливчиња

Прелив

  • 4 лажици свеж магдонос, ситно сецкан
  • 125мл. маслиново масло
  • 2 лажици оцет балсамико
  • 2 лажици ситно сецкан кромид (по можност млад)
  • 2 чешниња лук

Подготовка

Сварете ги тестенините во големо тенџере со вода и малку сол според упатството на ќесата. Потоа исплакнете ги под млаз студена вода и префрлете ги во длабока чинија.
Загрејте сосема малку масло во тава на силен оган. По можност користете тава - скара. Печете го аспарагусот околу 4 минути додека да омекне. Префрлете го на даска за сецкање и исечете го дијагонално на парчиња од околу 5см.
Во садот со тестенините додадете го аспарагусот, целер и пилешко. Добро промешајте и сервирајте ја салатата во чинии.
Во блендер изматете магдонос, масло, оцет, кромид и лук. Зачинете со сол и бибер по вкус. Со овој прелив зачинете ја салатата и најгоре додадете парченца пармезан.

23 септември 2013 - 09:06