Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
45 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2 чешниња лук
- 6 парчиња сланина
- 300 гр. кисела павлака
- 150 гр. мајонез
- 1 мала главица кромид
- 2 лажици свеж ситно сецкан магдонос
- 1 лажица маслиново масло
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Замотајте ги излупените чешниња лук во алуминиумска фолија, прелиени со лажица масло. Печете ги во тавче во загреаната рерна 45 минути додека да омекнат.
Додека се пече лукот, исецкајте ја ситно сланината и испржете ја во тава на оган со средна јачина. Пржете ја додека да добие светло кафеава боја. Потоа извадете ја на хартиена салфетка.
Во длабок сад исецкајте го испечениот лук. Додадете павлака, мајонез, многу ситно исецкан кромид и свеж магдонос. На крај додадете ја сецканата сланина. Промешајте го сосот и послужете го со чипс по желба.