Време на подготовка:
60 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
1 ч. 40 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 1 жолта бабура, сецкана
- 1 тиквица, крупно сецкана
- 150гр. модар патлиџан, сецкан
- 250гр. чери домати
- 1 главица црвен кромид, сецкан
- 1 лажица масло
- 100гр. маслинки без семка
- 2 лажици оцет балсамико
- 50мл. црвено вино
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- 400гр. грав
- 2 лажици свеж босилек, сецкан
Подготовка
Сварете го гравот во тенџере вода со сол, додека да омекне. Потоа процедете го од водата.
Загрејте ја рерната на 200 степени.Во тава измешајте бабура, тиквица, домати и кромид. Додадете лажица масло и печете ги 25 минути со повремено мешање.
Потоа во тавата додадете маслинки, оцет, вино и лук. Промешајте и печете го зеленлукот 10 минути. На крај додадете го варениот грав. Печете уште 5 минути.
Во тавата со печен зеленчук промешајте свеж босилек и послужете го веднаш.
На здравје!