Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
55 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 80мл маслиново масло
- 1 поголем модар патлиџан, исецкан на парчиња
- 2 моркови, исецкани на парчиња
- 1 црвена пиперка, исецкана
- 2 парчиња целер, исецкан
- 1 кромид, ситно сецкан
- 2 чешниња лук, ситно сецкан
- 70гр. доматно пире
- 80мл. вински оцет
- 400гр. сецкани домати од конзерва
- 2 лажички шеќер
- 12 тенки колбаси
- сецкан свеж магдонос
Подготовка
Зеленчукот исечете го на рамномерни парчиња од околу 1.5см.
Загрејте 2 лажици масло во поголема тава на среден оган. Пржете го модриот патлиџан со мешање околу 10-12 минути додека да омекне. Потоа тргнете го на страна.
Додадете во тавата 1 лажица масло и гответе ги морковите, пиперка, целер, лук и кромид. Пржете ги 10 минути со повремено мешање. Во тавата додадете го доматното пире и предходно зготвениот модар патлиџан. Додадете оцет и гответе ги состојките уште 1-2 минути додека да испари оцетот.
Додадете ги сецканите домати и 2 лажички шеќер, зачинете по вкус, промешајте и гответе ги уште 15 минути за да се згусне смесата.
Во меѓувреме додадете го остатокот од маслото во тава на среден оган. Пржете ги колбасите со вртење околу 10-12 минути.
Послужете ги колбасите со сосот од мешан зеленчук и декорирајте со сецкан свеж магдонос.