Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
3 ч.
Вкупно време:
3ч. 15 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 2кг. цело пиле
- 350гр. колбаси, исечени на тенки парчиња
- 250гр. чери домати, преполовени
- 1кг. компири, исечени на парчиња
- 50мл. пилешка супа од коцка
- 50гр. суво грозје
- 2 лажици сенф
- 2 лажици вински оцет
- зелена боранија варена на пареа како прилог
Подготовка
Загрејте ја рерната на 150 степени. Врзете ги копаните на целото пиле без да го сечете. Користете кујнски конец.
Поставете го пилето во голема тава за печење. Зачиенте го со сол. Околу пилето рамномерно распоредете ги исецканите колбаси, домати и компири. Печете ги 1 час. Измешајте ја пилешката супа со суво грозје, сенф и оцет. Прелијте го пилешкото со овој сос. Продолжете да го печете уште дополнителни 2 часа.
Извадете го пилето во чинија. Покријте го со фолија и оставете го 15 минути да одстои. Во меѓувреме тавата со зеленчукот и колбасите оставете ја во исклучена рерна.
Послужете го пилешкото со печениот зеленчук со колбаси и додадете зелена боранија варена на пареа.
На здравје!