Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
90 мин.
Вкупно време:
1 ч. 45 мин.
Порции
4 лица
Состојки
- 800 гр. телешко месо
- 2 лажици маслиново масло
- 2 лажички црвен пипер
- 1 лажица доматно пире
- 1 лажица Ворчестер сос
- 1/2 чаша супа од коцка телешка
- 250 гр. печурки сецкани
- 1 кромид црвен, сецкан на тенки парчиња
- 2 лажици мајчина душичка ситно сецкана
- 1/2 чаша павлака
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени. Месото премачкајте го со маслото, црвениот пипер, сол и бибер. Ставете го во тава за печење и печете околу 20 минути. Во сад помешајте ги доматното пире, супата и Ворчестер сосот. Додадете ги печурките, кромидот и мајчината душичка. Тргнете го месото од рерна и додадете ја смесата со печурките. Печете уште 60 минути или додека не се испече месото. Тргнете го на страна и покријте го околу 10 минути да одстои. Во сосот од печурките додадете ја павлаката и промешајте. Исечете го месото на парчиња и сервирајте го со сосот од печурки. Послужете го со тестенини, пире и боранија или со друг прилог по желба.