Време на подготовка:
10 мин.
Време на готвење:
40 мин.
Вкупно време:
50 мин.
Порции
6 лица
Состојки
- 6-8 пилешки батаци
- 2 лажици масло
- 1 лажичка мајчина душица
- 3 лажици бело вино
- 1 мал кромид
- 400 гр. компири
- 200 гр. печурки
- 100 гр. моркови
- сол и бибер
Подготовка
Загрејте ја рерната на 200 степени.
Поставете ги пилешките батаци во огноотпорен сад и намачкајте ги со масло за јадење.
Додадете ги компирите и морковите исечени на покрупни парчиња. Печурките исецкајте ги на половина и додадете ги во садот. Зачинете го јадењето со мајчина душица, сол и бибер по вкус.
Печете го пилешкото 30-35 мин. додека да добие светло кафеава боја.
Извадете ја тавата од рерна и додадете 3 лажици бело вино. Покријте го со алуминиумска фолија и вратете го во рерна да се пече уште 10 минути.
Послужете го пилешкото со едноставна зелена салата од марула.