Салати

Салата од цвекло

Вкусна комбинација на цвекло, сирење и ореви

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
60 мин.

Вкупно време:
1 ч. 20 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 700гр. цвекло
  • 60мл. маслиново масло
  • 1 лажица вински оцет
  • сол и бибер
  • прстофат шеќер
  • 1 1/2 лажица, сецкан магдонос
  • 30гр. крупно сецкани ореви
  • 40гр. сирење, изронето

Подготовка

Загрејте ја рернатана 180 степени. Ставете го цвеклото во рава за печење. Прелијте го со една лажица масло и печете го 1 час.
Оставете го да се излади 15 минути. Излупете го печеното цвекло и исечете го на коцки.
Во сад измешајте го остатокот од маслото со оцет, шеќер, сол и бибер. Додадете го магдоносто и промешајте го. Со овој прелив зачинете го цвеклото.
Врз цвеклото изронете сирење и додадете ги сецканите ореви. Послужете ја салатата веднаш.
На здравје!

30 април 2013 - 07:00