Пилешки специјалитет

Печено пилешко

Лесен ручек за жешки денови.

Време на подготовка:
30 мин.

Време на готвење:
1ч. 25 мин.

Вкупно време:
1ч. 55 мин.

Порции

6 лица

Состојки

  • 500гр. домати, исечени на кришки
  • 2 црвени пиперки, крупно сецкани
  • 1 главица кромид, крупно сецкан
  • 2 лажици маслиново масло
  • 2 кг. цело пилешко, исечено на 10 парчиња
  • 2 лажици доматно пире
  • 2 чешниња лук, ситно сецкан
  • 400мл. пилешка супа сварена од коцка
  • 125мл. бело вино
  • 2 лажички мајорам
  • 160гр. зелени маслинки
  • компири и мешана салата како прилог

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Ставете ги во длабока тава доматите, пиперките и кромидот. Додадете масло и промешајте ги. Зачинете ги со сол по вкус. Печете ги во рерна 25 минути додека да омекнат.
Во меѓувреме зачинете го пилешкото со сол и бибер. Загрејте голема тава на силен оган. Готевете го пилешкото по 2 минути од секоја страна, па префрлете го на чинија.
Извадете ја тавата од рерна и додадете врз зеленчукот доматно пире, лук, пилешката супа и виното. Додадете го во тавата пилешкото месо, зачинете со мајорам и печете го во рерна 40 минути.
Префрлете го зготвеното пилепко во чинии за сервирање. Печениот зеленчук и сосот од готвењето зовријте ги на рингла на посилен оган. Гответе ги 10 минути за да се добие погуст сос. Додадете ги маслинките во сосот и прелијте го врз пилешкото.
Послужете го со компири и свежа зелена салата.

8 јули 2013 - 12:35