Пилешко во презла

Панирано пилешко со таратор салата

Рецепт за пржени па печени панирани пилешки гради.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 50 гр. презла
  • 4 парчиња пилешки гради
  • сол
  • црн бибер
  • масло за пржење

За салатата

  • 50 мл. кисело млеко
  • 3 ситно сецкани краставици
  • 2 лажици ситно сецкано нане
  • 2 лажици ситно сецкан магдонос
  • 100 гр. ситно сецкан кромид
  • 1 мало чешне лук
  • 1 лажичка сол
  • 1 лимон

Подготовка

Загрејте ја рерната на 200 степени. Зачинете го пилешкото со сол и бибер и панирајте го во презлата. Загрејте масло во тава на среден оган и пржете ги пилешките гради по 3 минути од секоја страна додека да добијат златно жолта боја.
Потоа префрлете ги на плех обложен со хартија за печење и печете ги во загреаната рерна 10 минути.
Во меѓувреме подгответе ја салатата. Измешајте ги во длабока чинија исецканите краставици со нане, кромид, магдонос и лук. Зачинете ги со сол, изрендајте малку кора од лимон и на крај додадете го сокот од лимонот. Додадете го киселото млеко во садот и добро измешајте ги сите состојки.
Послужете го пилешкото заедно со салатата.
На зздравје!

4 октомври 2012 - 07:00