Месна тава

Колбаси со домати

Печени колбаси и јајца во доматен сос.

Време на подготовка:
15 мин.

Време на готвење:
20 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

4 лица

Состојки

  • 1 лажичка маслиново масло
  • 650гр. колбаси
  • 1 кромид, ситно сецкан
  • 250гр. печурки, крупно сецкани
  • 175гр. сланина, сецкана
  • 400гр. домати, излупени и исецкани
  • 4 јајца
  • 2 лажици магдонос
  • 8 парчиња препечен леб

Подготовка

Загрејте масло во голема тава на среден оган. Пржете ги колбасите со повремено превртување 10-12 минути. Префрлете ги на чинија и покријте ги.
Во тавата додадете кромид, печурки и сланина. Пржете ги со мешање околу 5 минути додека да омекне кромидот.
Колбасите исецкајте ги на покрупни парчиња. Додадете ги во тавата заедно со доматите. Кога смесата ќе зоврие направете со лажица 4 дупки. Внимателно скршете ги јајцата и ставете ги во нив.
Намалете ја јачината на ринглата и гответе ги 4-5 минути додека да се зготвата јајцата.
Послужете го овој специјалитет веднаш, декориран со сецкан свеж магдонос.

25 јуни 2013 - 14:28