За љубители на кафе

Тирамису колач

Нова варијанта на познатиот десерт.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
0 мин.

Вкупно време:
20 мин.

Порции

8 лица

Состојки

  • 2 филџани црно кафе
  • 100мл. сок од портокал
  • 3 јајца, одвоени белки од жолчки
  • 70гр. шеќер во прав
  • 250гр. сирење маскарпоне (го има во поголемите маркети)
  • 300мл. хопла, малку изматена
  • 1 кутија бисквити
  • какао за декорација

Подготовка

Во една чинија измешајте го сокот од портокал и кафето.
Во длабок сад изматете ги со миксер жолчките од јајцата со шеќерот. Додадете маскарпоне и хопла и матете уште малку.
Натопете ги бисквитите една по една во мешавината од кафе и портокал и редете ги во правоаголно тавче. Кога ќе го покриете дното на тавчето со еден ред бисквити филувајте го со една третина од кремот. Повторете ја постапката уште два пати со тоа што најгоре треба да завршите со крем.
Покријте го тавчето со фолија и оставете го во фрижидер 12 часа. Декорирајте го колачот со какао, пресечете го на коцки и послужете го.
На здравје!

5 јули 2013 - 11:47