Време на подготовка:
15 мин.
Време на готвење:
20 мин.
Вкупно време:
35 мин.
Порции
1.5л
Состојки
- 60мл. хопла
- 2 лажици шеќер во прав
- 250гр. несолена урда
- кора од еден лимон
- сок од два лимони
- 5 пуслици (целуфки)
- крем од лимон
Крем од лимон
- 50гр. несолен путер
- 150гр. шеќер во прав
- 1 лажичка кора од лимон
- 70мл. сок од лимон
- 1 јајце, лесно изматено
Подготовка
За да го подготвите кремот измешајте путер, шеќер, кора од лимон и сок од лимон во огноотпорен сад. Ставете го садот врз тенџере со зовриена вода на рингла на среден оган. Садот не треба да ја допира водата. Гответе ја смесата 5 минути со постојано мешање со дрвена лажица . Кога ќе се растопи шеќерот тргнете го садот од тенџерето. Додадете го јајцето, промешајте и вратете го садот врз тенџерето.
Гответе го кремот со мешање 8 минути додека смесата не згусне. Оставете ја на страна да се излади.
Во длабок сад изматете со миксер хопла и шеќер. Додадете ја несолената урда и матете додека да се соединат и да добиете мазен крем. Додадете ги кората од лимон, сокот и приготвениот крем од лимон и измешајте добро со лажица. Изронете ги готовите пуслици и помешајте ги во смесата.
Префрлете го кремот во длабок пластичен сад со капак и ставете го во замрзнувач да одстои еден ден пред да го послужите.