Со мусли

Интегрален десерт

Вкусни лепчиња со мед и мусли.

Време на подготовка:
20 мин.

Време на готвење:
15 мин.

Вкупно време:
35 мин.

Порции

16 парчиња

Состојки

  • 250гр. брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 лажица шеќер во прав
  • 30гр. путер
  • 150мл. млеко
  • 150гр. мусли потпечени во рерна
  • путер и мед како прилог

Подготовка

Загрејте ја рерната на 220 степени. Премачкајте плех со малку масло.
Измешајте ги во сад брашното, прашок запециво и шеќер. Додадете путер. Со раце замесете тесто. Додадете млеко и продолжете со месење. Потоа додадете ги муслите и добро измешајте ги. Ако треба додадете уште малку млеко.
Поделете го тестото на половина. Од едната полвина замесете долгнавесто цилиндрично тесто. Со остар нож исечете кружно парчиња од тестото со дебелина од 5 см. Продолжете ја постапката со остатокот од тестото.
Печете ги лепчињата 15 минути додека да добијат златна боја. Послужете ги со путер и мед.
На здравје!

19 јули 2013 - 09:45