Кога ја правиме природата глупа

Мокринските извори (струмичко) БЕА автентични поради столетните дрвја и водата што извираше од нивните корења. А потоа човекот реши на природата да ѝ каже "врска немаш" и да инвестира во нејзина пластична операција. Просудете сами:

Бадникова химна: Парето ми падна!

Насловот на оваа социјално ангажирана а православна рокачина е "Парето ми падна" а подолгиот опис на ситуацијата гласи: "Парето ми падна мене а не ти падна тебе"! Ама, без заебанција, оној потег "рачки од тапани" навестува дека Паљач и дисторзија знаат што зборуваат. Шибајте најјако!