Кој бил во Штип, го знае. За другите, 20 минутен документарец за уникатниот граѓанин на Штип, Македонија, Земјата и нејзиниот комшилук, Мики Ли Трајчевски, еден од ретките луѓе кои сè уште се прашуваат "кој сум јас?"
Паралелно со владиниот наплив на рационализам, упорно бранетата потреба од објективни вреднувања, научни верификации и слични просветителски идеи, во процедура оди еден закон кој а) се однесува за здравјето на луѓето и б) во кој нема да најдете ни ш од импакт фактор. Зошто ш? Затоа што ш е за шашми.