102,5% Фериде

Јавна благодарност ама за што? За медицински персонал кој спасил живот на близок човек, за таксистот кој го вратил новчаникот, за непознатото момче кое ѝ помогнало на бабичката да се врати дома? Далеку сте. Ви текнува на СЦЕНАТА КОГА ФЕРИДЕ ГО ПРАШУВА ТАТКО НАЗИФ ДАЛИ МАХИР ГО УБИЛ СЕИД?

Како Македонецот го надмудри приливот бегалци

Последните извештаи говорат дека во последниов период по речиси 6.000 бегалци од Сирија почнале дневно да влегуваат во Македонија. Но, мудриот Македонец има вроден инстинкт како да се нивелира еден ваков наплив, да не се осети гужва во неговата родна грутка и повторно да се воспостави овдешниот нумерички јин-јанг.