Нашата цена е повисока. Цената е: прво квалитетен образовен систем, второ демократски систем, трето транспарентен систем, четврто еднаква правда за сите.
Во овие шугави времиња за Македонија, со поддршка се јавија двајца нејзини искрени и ничим изазвани пријатели. Двајцата бекрии од Сплит, Борис Дежуловиќ и Предраг Луциќ го направија она што најдобро го знаат: да купат Т'га за југ, да запеат песна и да уденат хируршки точна дијагноза на ситуацијата. Данке Сплитланд.
Лицата Н.Г. и З.З. истовремено ги тресе скандал за нивната лакомост со не-нивни пари (едниот за Мерцедесот, другиот за давањето земјиште). И, ете ги нив на лидерска средба, еден по еден, идеална прилика на двајцата да им се постави прашање.
Седнаа заедно четворицата неприкосновени лидери на меѓусебе закрвените партиски племиња и од нив чекаме некако да дојдат при памет и да договорат како оваа какалурница да не заврши со општо клање. Со кого си имаме работа и кај кои ликови е одлуката?