Исламот и спортските кладилници

Знаевме ние дека Исламот го забранува коцкањето ама не и дека на листата гревови, тоа е со поголем коефициент од, да речеме, јадењето свинско. И тоа по равенката: подобро пола кило свинско на ден отколку едно ливче во кладилница. А ние па бевме спремни да уплатиме стотче дека ... упс, шејтанот ни чука на врата.

Трендо...!

Прости мајсторе, морав да напишам, а не смеев да објавам, како што се плашам на некој кој слави роденден на дете и објавил слика да му кликнам лајк за да не трпи заради моето виртуелно присуство таму. Знаеш и самиот кога во лудницата ќе се вознемират пациентите; нема говор на разум, рационалност ... мораш да чекаш да се смири а потоа сите ќе глумат како ништо да не било ...

Да, со Трендо светот е повесел. На еден врло заебан начин

Пошто го знам бајаги одамна, му ги знам сите фази низ кои помина: и онаа младешки ентузијастичната, и онаа стриктно професионалната, и онаа во која веќе му се гадеше од стварноста во која сме вечно осудени да бираме помеѓу Курто и Мурто. И се повлече оттаму во сосема други води, со желба да создаде свој виртуелен простор незагаден од (јебига) доминантната стварност. И упорно се обидуваше (прво со он.нет, а потоа и преку офф.нет) на тој простор да докаже дека во животот постојат теми и муабети во кои ни Бранко, ни Љубчо, ни Грујо не можат да продрат.

Да, се потврди. Со Трендо животот е повесел. И?

Прекинете да нè делите на наши и нивни, комуњари и вмровци и други глупи црно-бели квалификации. Нит сме ваши, нит сме нивни - свои сме. Сакате да ја смениме државава? Почнете од сопствената малограѓанштина.