Ние, фала богу, не ги добиваме нивните секојдневни партиски преписки ама од пријателски редакции кои се бафтаат со дневно мк информирање знаеме дека тој пинг-понг знае да биде и урнебесен и заморен.Таман да објавиш реакција на едните, стигнала реакција (на реакцијата) на другиве. Таман да ја објавиш таа, веќе стигнала реакција и на неа... по што нормалните редакции најчесто решаваат да дигнат раце и да не објават ништо.
А кога ќе чуе човек фраза "владеачката партија/ најголемата опоизициона партија денес се огласи со соопштение...", наивeн може да помисли дека се работи за нешто битно, дека они се бават со наши проблеми.....
А тие си се доволни едни на други за да им врви муабетот.
А еве всушност за што си пишуваат.
* СДСМ соопштиле дека ВМРО нема што да соопшти (?), по што ВМРО соопштува дека не им е јасно што не можат да соопштат па бараат дообјаснување за да можат да го соопштат следното (?).
Тотален инсепшн.