Да се оди на ова!

Навидум досадна научна трибина на македонски историчари. Но, ако се прочепка малку подлабоко во агендата, може да се наиде на нешто многу секси.

Институтот за национална историја од Скопје организира научна трибина за одбележување на 1.000 години од смртта- убиството (уште е тоа нерешено, ете колку е бавна овде правдата) на цар Гаврило Радомир (who?).

И одбележувањето на таа мистерија ќе биде обележана со пригодни научни излагања, те за воените вештини на Гаврило Радомир, те за неговата дипломатија....

Но, има тука и нешто што може да ги заскокотка не само историчарите.Среде тие силни историски теми сместено е и предавање на проф. Стефан Влахов Мицов на тема:

"Улогата на сексуалниот фактор за судбината на средновековната македонска држава"

Чуденки? Затоа и викаме да се оди на ова. Замислите ја целата сала на Институтот за национална историја преполна со љубопитни лица интимно поврзани со темата: сексуални фетишисти, сексуални малцинства ем мнозинства, даватели и побарувачи на сексуални услуги.... Шарено, преубаво ќе биде!

* овде целиот распоред

 

 

2 декември 2015 - 08:11