Српски солзи за гирото

Викаат дека српски ФБ групи за Грција знаат да бидат многу корисни и за наши луѓе пошто се полни со секакви детали и информации. Полни се и со глупости, на пример кога прашуваат дали на граница има посебна брза лента за коли со деца (оти 90% не се такви). Србите се апсолутно очарани од Грција, па пишуваат поезија, есеи.... Но, кај што има очараност, има и разочараност. На пример од гирото.

Како можат Словенците вака да живеат?

Србин не може да се изначуди на тоа колку различно изгледа Словенија во однос на појужниов дел на Балканот. Никаде кладилници, никаде пикавци (луѓе одат дури до корпа за да фрлат пикавец, еј!). Ниедна застаклена тераса ни од ѓутуре поставена клима а зелени површини толку што, да им дојде некој наш градоначалник од типот на Стевче, има да дели маркици за градба ко сликици од Светско првенство.

За обвинителките Срам и Арам

Не може тоа така обвинителки. И вас има кој да ве обвини, а тоа е вашиот газда - граѓаните на Македонија и јавноста која будно го следи целиот процес. Работата ја оставивте незавршена, многу прашања неодговорени. Знаете и самите. Ние ве плаќаме, нам ни одговарате. Нека ова е последен случај во кој полицијата и Обвинителството се замислуваат дека се богови и дека можат баш сè - па и да стрпаат невин татко во затвор.