Паралија ни станува симпатична

Грчка Паралија е еден од архетипските симболи на грчкиот туризам за луѓе од Србија и Македонија. Стереотипите ги знаете, оро/коло во вода, фаќање лежалки со турање пешкири уште во ниедно време, нон-стоп драње по децата да не одат во длабокото.... Но, да ги видиме работите трезно: не се сите балкански туристи исти. Еве ја Душица, модерна жена од Ваљево, наквасена прилично добро, тргната по секс, алкохол и дрога.

Село контра експерт

Дечко на пазар го прашуваат дали е препродавач и од каде му се патлиџаните. Им кажува дека се работи за домашен домат кој со години го одгледуваат дедо му и вујко му. „Се гледа дека младиов дечко е препродавач,“ експертски во студио ќе го прокоментира ТВ прилогот повиканиот стручњак. За среќа, екипава се враќа на пазарот па експертот добива точна локација и понуда да ги посети. 

За Томпсон, спремни!

Забревтува атмосферата околу престојниот гигантски концерт на Марко Перковиќ Томпсон кој по бројот на продадените карти веќе сруши светски рекорди. Се очекуваат преку пола милион луѓе. Логистиката на тој настан е апсолутно фасцинантна. Рамштајн да гледа и да фаќа белешки. Да бевме ние држава а вие малку од малку да се разбиравте од музика, вака кај нас ќе беше за Орце Стефковски.

Магијата на локал-патриотизмот

Кога легендарниот НБА кошаркар Меџик Џонсон (кој во далечната 1991 година го шокираше светот откривајќи дека има сида), ќе реши да летува во Грција па шетајќи таму ќе налета на група српски туристи кои ќе го познаат, што му викаат овие? Меџик, Меџик? Џонсон, Џонсон? Нормално дека не. Му викаат: Владе Дивац!

Сеќавање на Џамбо

Весна Кљајиќ, новинарка која работеше со прекрасните лузери од Ноќна Мора тврдеше дека Џамбо (Недељко Бадовинац)  бил барем пола-пола со Жељко Малнар во заебанциите и креациите смислени зад сцената на тоа неповторливо лудило. Џамбо беше продуцент, провокатор, снимател, ловец на ликови, сценарист, креатор на квиз-прашања, матичната докторка на Шева, матичарката на Јаран.... Врвен заебант. 

Турист скокна во Мостар, локалци го изребрија

Стариот мост во Мостар е култно место за скокање во прекрасната, смарагдна Неретва. Се работи за повеќевековна традиција а повеќе од половина век, кон крајот на јули со одржува и познатото натпреварување (ласта и на нозе). Локалци знаат за пари да скокаат и за туристи желни за сликање. Еден таков реши сам да скокне од мостот, за малку на глава ќе им паднеше на луѓе во чамец. Ако скокот е тежок, за овој, дури на брегот почнаа проблемите.