Разно

Бургов се прости од Уснија

На Коста Бургов тешко му падна веста за смртта на Уснија Реџепова, една од неговите најголеми музички идоли. Ги објавуваме неговите зборови напишани  по овој тажен повод.

За едно специјално Фејсбук пријателство

Имаме два едноставни елемента во оваа сторија. Еден Фејсбук профил и еден пријател на тој профил. Интересното доаѓа кога знаете дека Фејсбук профилот е на КПД Идризово а френд им е  - Катица Јанева. Не би да се мешаме во ничие пријателство ама би било фино ако пораката што стои зад ова пријателство на Јанева е "'Пријатели, правете место, ви носам гости".

Ние го имаме Крсте, Крсте има албум!

Гласот кој со својата мекост и лековита меланхонија нè освои од прво слушање, сега е распослан на цел еден албум. По промоцијата во Њујорк, добриот глас на Крсте Роџевски стигнува и во Скопје и Битола. 

Hello Gjorgje my old friend*

Сајлент ТВ се наши дечки кои ни покажуваат како изгледаат некои музички спотови кога би немале глас. Конечно го наоѓаат својот природен сојузник, во ликот и немоста на македонскиот претседател.

Миа и....

Тоа мора да е љубов.

Како Македонецот го надмудри приливот бегалци

Последните извештаи говорат дека во последниов период по речиси 6.000 бегалци од Сирија почнале дневно да влегуваат во Македонија. Но, мудриот Македонец има вроден инстинкт како да се нивелира еден ваков наплив, да не се осети гужва во неговата родна грутка и повторно да се воспостави овдешниот нумерички јин-јанг.

Боб Рок - Немој да крадеш

Немој да крадеш / оти ќотек ќе јадеш / крв ќе ти тече / а и цајкан ќе те гмече. Сакате уште? Нормално.

Лекторирајте го Груевски

Македонскиот башбакан бил во некој турски ресторан и на крај решил да пише пар зборови за храната и послугата во нивната книга на впечатоци. Туц-муц, ги пофалил некако. Look hear: 

Колку интернетот ве има расипано?

Ајде една песничка за психо-тест на горенаведената тема. Златно славејче, 2.000 година, комплетно чедна и симпатична детска песна. Сè е во ред со песната, но дали е сè во ред со вас? Особено по толку време поминато на интернет и неговите безобразности. Ако не ви е јасен овој тест, тогаш сте ок, ако вриснете на смеење, тогаш е веќе доцна за вас.

Како Ласт Експедишн победија

Браво за сите кои учествуваа во еден ваков хепиенд: и младоженците и бендот и сватовите и Ласт Ескпедишн. Море браво и за сите нас кои уште можат да се развеселат на ваков момент. Накратко: Демир Хисар. Свадба. Шефе!

Сакавме авторска музика, еве ни авторска музика

На многу дечки им имаме пишано дека нема да ја објавиме нивната кавер верзија што ни ја пратиле. А биле и инструментално перфектни и спотовите им биле добри. Сме им пишале дека ние би да форсираме авторска музика, бидејќи кавери водат кон тезги а тезгароши овде кај нас пуна капа. Дојде време таквата уредничко-музичка политика да ни мавне бокс. 

Скопје кога е забрзано

Читател направил едно скроз добро тајм-лапс видео за Скопје, со стакло резолуција (4K/UHD/2160p). А оној што има нерви да прави тајм лапс видеа, има нерви да составува и луди барања за нивно објавувавање. Со задоволство ви ги покажуваме двете.

Не е до зградите, до сељаштвото е

Многу чешит муабет од легендарниот уметник и господин Димитар Кондовски; за царското минато на Скопје, за оние кои го уназадуваат, за тоа зошто скопјани немаат потреба од домашни библиотеки или за тоа како тоа е сомнително ако нечие дете свири клавир. Пазете, муабетот на Кондовски (со уште една скопска легенда, Диме Циго), е правен пред 24 години! Колку да не дозволиме Скопје да се спомнува само на денот на земјотресот или пак градот и неговите проблеми да се промислуваат само во релација со глупиот барок.

Си биле четири сока од портокал

Вреден истражувачки проект на некој наш дечко кој решил да се проба во една добро позната рубрика за дегустација и рецензија на производи.

Изложба на денот

Таман кога помисливме дека барокот е единствениот стил кој не опкружува.... Огромно браво за Мила, и за нејзините цртежи и за махерскиот потег околу изборот на изложбениот простор.

И Вевчани има кружен тек

Охрид и Струга пред летната сезона добија свои кружни текови. А што мислевте, Вевчанци покусо ќе останат?

Скопје во очите на Дамир Никшиќ

Ултра забавна репортажа за Скопје направена од сараевскиот концептуален уметник Дамир Никшиќ. Оди по нашиот "град пресоблечен во 19-от век", го гледа со свежи очи ем здрав дух и онда јаде бабури. А знае да погоди меѓу рогови. Вика: "Секаде ви пишува Македонија, за да знаете каде сте. Само не ви кажува кога сте". 

Мизар - Ѕвезда на надежта

17 минутен документарец за Мизар, групата која изгради еден од најавтентичните музички потписи излезен од овие простори. Горазд, Горан Стапот, Панта, Икаљот и Цобе раскажуваат како изгледаше да се излезе од подрумче и да се освојуваат нови хоризонти и во македонскиот дух и во екс- југословенските територии. А пак да се остане андерграунд во најпозитивната смисла на тој збор.