Се одјави човекот што насади несекојдневна фрекфенција и возбудлива идеја која речиси 20 години вирее во скопскиот етер: радиото Џез ФМ 100.8.
Имаше 69 години, шарм чувен од Њујорк до Варна, непроценлива проникливост, луцидност и жестока љубов за животот.
Екстремно внимателен, прагматичен, дијалектичен, со чиста мисла и остар хумор. Прекрасен и заебан. Многу заебан.
Човек што ќе недостига години напред, па и назад. Храбар, невообичаен, силен и незаменлив.
Санавабич.
Поздрав од Адо, Зоќо, Пекинезери и сите што го сакаа.