Разно

Кого подобро ќе разберете, Стојанче или Коѕијас?

Стојанче - како сум ја средил МТВ - Ангелов стратешки процени дека од Грција сме извлекле максимум што можело да се постигне во овој момент (генерално, треба да го гледате на Само вистина да видите колку може да се урниса еден човек). Истото тоа го признава и шефот на грчката дипломатија, само што тоа малку поинаку го формулира.

Што ги тера луѓево вака да си пукаат во нога?

Замислете хирург да ви каже дека Хипократова заклетва која ја положил е нешто што само звучи убаво а медицинските протоколи по кои требало да ви ја изведе операцијата се обично парче хартија?

Нè оќоре прејака транспарентност

На 13 јуни 2018 година, актуелната постава на Министерството на култура решава на увид на јавноста да го стави буџетот за 2018 година. Ги спрегнува сите свои професионални капацитети и ни го дава она што ќе го видите во продолжеток. Не бе, после ова со Грците, одма поинаку е.

Море сокол пие среде Атина

Македонците од Грција, оние чиј пркос е челичен во екстремни историски и политички услови, се последните Мохиканци кои потсетуваат на пукнатините во монолитниот моно-етнички блок на земјата со многу различни традиции, музики, спомени, јазици и колективни сеќавања. 

Успеа ли да го јавне?

Ќе му ставеле плочка и ќе кажеле дека е Александар и дека е Грк. Каков мерак е тоа, една плочка да ги замолчи оние што цели чаршафи испишаа како тој и таков споменик е недозволив на тоа место, од стручни архитектонски и урбанистички причини. Сега ќе му стават плочка и ќе им биде пасент. И архитектонски и урбанистички. Но имаме ние позабавна приказна околу воинот-што-ќе-добие-плочка. На почетокот имаше теорија дека ќе ставаме петденарки и ќе се клатиме.

Порака од Ципрас

Твит е кратка форма која не дава простор да се каже сè и секој детал. Затоа човек мора да го одвои само она што му е најважно.

Живот е она што се чека

Македонецот не знае да живее во денешнината. Или е заглавен во јебена историја или е укочен чекајќи нешто од иднината. За него, ништо не почнува од него. За него сè ќе започне кога ќе дочека некаков Свет Грал кој ќе го посипе со ѕвездена прашина по што одеднаш сè ќе биде подобро. ЕУ и НАТО за таквите е само Хепек, онаа мистериозна направа од Топ листа која чудесно ги средува проблемите. Мало потсетување на кои сè финти Македонците го одложуваа почетокот на своите животи и бавењето со себе.

Македонија е свето име бе, мамето ваше!

За многумина единствена цел да се влезе во ЕУ е за да се има цицка за цицање. Ги заболе нив за европски идеали, култура и наследство. Под султан Реџеп би се вратиле ако им вети плата од 1.000 евра (под услов да не се напнуваат за тие пари). Такви склопови, не име, родена мајка би продале. Така што, бар вториот дел од насловот да допре до нив.

Грците предлагале Северна Македонија уште во 1992

После цели 26 години невешти маневри на Киро Глигоров и цела плејада македонски политичари, после оние глупости со добивање на спор против нив во Меѓународниот суд на ОН, после оние 140 земји кои нејасно зошто избрзаа и нè признаа под нашето име, двоецот Заев/Димитров доаѓаат до генијална идеја. Да ги заебеме на начин кој никој нормален не го очекува: начисто да им го прифатиме она што цело време го барале. Видкун Квинслинг лајкс дис.

Многу се моќни, моравме да попуш(т)име

Мал избор од фаци пред кои едноставно бевме принудени да капитулиравме. Страшна е тоа сила. Ама барем сега и ние ќе можеме да бидеме убави, софистицирани и напредни како нив. 

Добро, што не е јасно тука?

Замислете кога грчките преговарачи се закануваат дека ќе ги вратат преговорите на почетна фаза па повторно ќе отвораат прашања за иредентизам и сè друго, овие нашиве да го испечатат ова и да им кажат: „Ок, одиме тогаш по ред“. Не можете да замислите? Ни ние.

Кога беше јагма за македонски пасош

Погледнете една автентична „деновиве пред години“ сцена од пред македонското МВР,  кога само што почнуваа да делат компјутерски бројчиња за пасоши. Непоправливите оптимисти ќе се израдуваат затоа што вакви јадни сцени веќе нема таму. Ние другите знаеме зошто е тоа така.

Во Муртино никогаш не било лесно

Исповед на еден напатен Горан од наведеното струмичко село кој вика: „Не знаеме од дек да фанеме... дек да се оде... никој не знае кој, шо, ка, де!“ Како дек бе другарче, тргнувај за Скопје. Ама бидејќи е ова едно прастаро видео, веруваме дека во меѓувреме и Гоки се снашол.

Змија во школски двор во Скопје

До родителите на децата во едно основно училиште во Ѓорче Петров: дали инсистирате дека вашите мали мора баш до 10-ти јуни да одат во школо? ЕДИТ: Од школото викаат дека не е кај нив. И дека било „говор на омраза“. Ццц, да не се знаеле основни термини....

Македонец кој им ја вади маста на звучките на Ајфон

Наш дечко, зналац, купил Ајфон Икс и сфатил дека потенцијалот на звучките не е до крај искористен или пак дека фабрички понудените аларми и рингтонови се претивки за него. Седнал пар недели, штимал, твикал, штемуел, и извадил пар пакетчиња супер звуци. Ене го, на големо го фалат во рецензии по странски магазини.

А лудиот го заболе

Името па името. Вака, ако си имам мака со моето име, ако нешто не ми е по волја, ќе идам до кај што треба и ќе го сменам. На пример, ќе одам по ходници и канцеларии, и по некое време ќе ме пишат во лична карта, место Тихомир Јанчовски - Лутомир Џонс. Тоа, да. Може. ако јас сакам.

Имате поздрав од Антигва

Ја имам среќата скоро недела дена да терам одмор на рајскиот остров Антигва. Вчера, одејќи на плажа, ми приоѓа една жена за да ми понуди некои екскурзии на островот или на море и ме праша од каде сум.

Какви сè читатели имаме преживеано

Бидејќи беше јасно како може да заврши еден индивидуалистички сајт во раце на корпорација (ене го, го нема), пред да се одјавиме и да го предадеме Он.нет, го симнавме сето она што го имаме пишувано на старата адреса. Понекогаш е интересно да се прелистува таа содржина, како по времеплов. Особено кога ќе наидеш на нешто како што е писмото на Бурим. Читнете колку е цар, мамата негова прекрасна! Пра-татко на денешните дрвачи од социјалните мрежи!

Како е да се има Тесла во Кратово

Репортажа на едни дечки кои решиле да прошетаат со електричен автомобил по затурените делови на ЕУ и затурените делови на вона би ЕУ. После Романија и Бугарија, ете ги кај нас во Македонија. Поточно во Кратово, градот кој толку цврсто е на земја што изгледа не му ни треба заземјување.